МАКЕДОНИЈА

Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство, вели лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во врска со денеска објавените снимки од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој во интервју за Прес 24 истакнува дека снимките најверојатно настанеле на некој од состаноците во рамки на преговорите кои се водеа со групата пратениците, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

-Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство.  Тоа се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство, нагласи Заев.

Додава дека неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство и покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд.

-Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции. Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство, додава лидерот на СДСМ. 

Тој уште смета дека ВМРО-ДПМНЕ се закопала со пуштање снимки од разговори од време кога сите знаеле дека предметите на СЈО биле под закана.

– Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, вели Заев.

Поврзани вести

МВР со детали за пукањето врз Борис Мутков-Фантом, едно лице е приведено

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев добива влада со стари и истрошени кадри

Никола Поповски

Таткото на Тричковски кон Беџети: Точно ли е дека сте добиле шамар од Асани поради екстрадиијата на обвинетите?

Влатко Зорба

Уште четири дена до крајот на кампањата, партиите ветуваат економски развој и вклученост на младите во сите процеси

Во август ни биле потребни 33.538 денари за минимални потреби

Влатко Зорба

Апел за помош за лекување на велешката ракометна легенда Тони Шопов

Влатко Зорба