МАКЕДОНИЈА Политика

Заев-Техада: Добрата соработка меѓу С. Македонија и Швајцарија ќе се продлабочува во иднина

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми како политичката состојба во државата, престојните парламентарни избори, евроинтеграциите на земјава и нејзиното членство во НАТО сојузот.

Со оглед на тоа дека нашата држава се наоѓа пред парламентарни избори во април на средбата помеѓу претседателот Заев и швајцарската амбасадорка Техада се отвори темата за програмата и понудата со која ќе настапи СДСМ на престојните избори и очекувањата од истите.

Претседателот Заев посочи дека по решавањето на клучните и стратешки прашања преку Договорот од Преспа со Република Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои пак ја отворија европерспективата на земјава и секако ни го донесоа членството во НАТО, акцент во следните чекори на партијата се става на економијата, екологијата, туризмот и вложување во човечкиот капитал.

Тој посочи дека досегашните мерки за само 2.5 години, донесоа видливи и реални резултати, а придобивките ги чувствуваат граѓаните, како што се поддршка на приватниот сектор, субвенции, повисоки плати, повисока социјална помош и сите мерки кои значат повеќе пари во секое семејство. Она кое што се планира за следниот четиригодишен мандат, се уште поголеми вложувања, инвестиции, поддршка на приватниот сектор, на женското претприемништво и поддршка на младите во нивната преквалификација , доквалификација, обуки и вештини со кои тие би станале поконкурентни на пазарот на трудот, а се со цел да останат во својата татковина.

Претседателот Заев како новина на која се обврза СДСМ на следните избори ја посочи поголема вклученост на жените во политиката односно 50% учество на жените како во парламентот така и на раководни позиции. Затоа што целта е градење на праведно и фер општество во сите сегменти односно еднаква родова и етничка припадност.

Од страна на амбасадорката Техада беше констатирано дека Република Сeверна Македонија бележи значителен напредок во клучните сегменти и истакна уверување дека добрата соработка помеѓу двете пријателски држави ќе се продлабучува и во иднина.

Поврзани вести

Аеродром е на врвот на листата со најмногу активни случаи на коронавирус

Александар Петровски

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки, соопштуваат од МТСП

Стефоска: Ова е прва посериозна интервенција за заштита на непроценливото културно наследство

СДСМ: Трипуновски на дело покажа што значи враќање на режимот

МЗ: Регистрираните случаи на заразна жолтица не се епидемиолошки поврзани

Николовски на презентација на проект „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување“

Александар Петровски