МАКЕДОНИЈА Политика

Заев утре и задутре во Грција, ќе има средба и со Мицотакис

Премиерот Зоран Заев утре и задутре (15 и 16 септември) ќе биде во дводневна работна посета на Грција, каде ќе учествува на конференција на угледниот магазин „Економист“ и ќе има работен ручек со грчкиот колега Кирјакос Мицотакис, соопштија од Владата.

Средбата со Мицотакис е на агендата за во среда, а на неа ќе ѝ претходи и средба со претседателката на Грција Катерина Секеларопулу.

На конференцијата „24-та тркалезна маса со грчката Влада“ која ја организира „Економист“, годинава ќе доминираат теми поврзани со справувањето со пандемијата, а Заев ќе има свое обраќање на панелот посветен на Западен Балкан.

„Заедно со него, на овој панел, посветен на прашањата за проширувањето на Европската Унија и реформите што треба да се спроведат, како и за трговијата и инвестициите, ќе дискутираат и поранешните претседатели на Црна Гора и Србија, Филип Вујановиќ и Борис Тадиќ, поранешниот премиер на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија, како и поранешната министерка за надворешни работи на Грција, и актуелна пратеничка од партијата Нова демократија, Дора Бакојани. Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министри од грчката Влада, меѓу кои, за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд, шефот на кипарската дипломатија, амбасадорот на САД во Грција и други“, соопштија од Владата.

Во делегацијата со Заев ќе бидат и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Поврзани вести

Шекеринска: Во снимките се зборува за насилства кон семејства, не сакаме тоа време да се врати

Александар Тодески

Чаир со 300 активни случаи, регистрирани и 5 странци со коронавирус

Влатко Зорба

Објавени нови „бомби“: Мицкоски на средба со Кичеец, договарале соработка за изборите во западна Македонија

Берта Китинска

Власта и опозицијата ќе претседаваат со осум собраниски комисии

Берта Китинска

Спасовски: Нема да дозволиме влез на мигранти

Stefanija Kuzmanovska

„Обнова на Европа“: Граѓаните на С. Македонија заслужуваат проевропско политичко мнозинство