МАКЕДОНИЈА Политика

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да не бега од избори, најдобар термин за нивно одржување е средината на јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за отвореното студио на Телевизија 24 изјави дека средината на јуни е добро време за избори, доколку втората вонредна состојба заврши на 16-ти мај и не биде продолжена.

„Ние сакаме изборите да бидат што порано, затоа што не може да се каже кога ќе се јават повторни можни бранови на коронавирусот. Ние сме без Парламент и без политичка Влада и не можеме да дозволиме државата да влезе во уставни проблеми“, вели Заев.

Според него, интересот на државата треба да биде на прво место и пресудно е граѓаните да знаат за што гласаат, какви се програмските ветувања и со кои кадровски капацитетит ќе настапат. Тој додава дека најверојатно на изборите ќе се гласа со маски и дезинфекциско средство.

На прашањето за изјавата на Мицкоски дека неговата партија води двоцифрено, Заев вели дека доколку водат, зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.

„Анкетите уште пред корона-кризата покажаа дека нашата коалиција води со 5 проценти и мислам дека таа вредност во моментов е зголемена“, смета лидерот на СДСМ

Поврзани вести

(ВИДЕО) Заев: Направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, ние сме единствена опција

Александар Тодески

Пендаровски: Општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех

Влатко Зорба

Охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, ќе видиме каков ќе биде одѕивот, вели Брнс

Влатко Зорба

Дескоска: Ставот дека Законот бил неуставен е само на советниците на Мицкоски

Ниските откупни цени главен проблем за македонските земјоделци

Александар Петровски

Бектеши: Мобилната лабораторија за контрола на нафтените деривати ќе се активира од идната недела

Viktor Jovanov