МАКЕДОНИЈА Политика

Заев за предлогот на ДУИ: Немаат кандидат, ниту ќе објават, сакаат само политички калкулации

„ДУИ сака само партиско-политички калкулации, тоа е поената на нивниот предлог за премиер Албанец“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, ДУИ ќе губи гласови и ќе оди во опозиција со ваква кампања.

„ДУИ ги потценува граѓаните со ваквиот предлог. Тие не го кажуваат името на нивниот кандидат и нема ни да го кажат. Ако го кажат името, знаат дека ДУИ не може да ги повика сите албански партии заедно. Ете го господинот Дестани демантираше дека тој сака да биде нивен кандидат“, посочи Заев.

Тој рече дека ДУИ заминува во опозиција после изборите и дека „редно е да видат малку што е опозиција, здраво ќе биде за нивната партија, но и за државата“.

Поврзани вести

Од новите 35 заразени, 22 се од Скопје: Познато е од кои општини доаѓаат заболените

Чулев: Проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши проблемот со пасошите

Влатко Зорба

Заев на Фејсбук: Ова е неповторливо време за нашата земја

user3

Филипче во Здравствениот дом во Свети Николе: Има добра организациска поставеност и одлична реакција на овој бран на Ковид-19

Анѓушев: Новиот Закон за енергетика направи револуционерен исчекор во енергетските политики

user3

И денеска билатерални средби во обид да се дојде до 80 пратеници за Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески