МАКЕДОНИЈА

Заев: Законска е промената на имињата на училиштата во Чаир

Претседателот на СДСМ Зоран Заев објави дека по темелна анализа правни тимови констатирале и го информирале оти промената на имињата на основите училишта во Општина Чаир е согласно со членот 26 од Законот за основно образование, како и дека не било неопходно Бадентерово мнозинство.

– Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно, наведува Заев во објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

Тој истакнува дека одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

-Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот, стои во објавата.

Поврзани вести

„200 жени претприемачки“ – Царовска прогласена за „Жена на годината 2019“

Ивана Рамаданова

Голема хуманитарна акција на шесте објекти на ЈДГ „Весели цветови“

Нов протест на кичевци против поскапувањето на електричната енергија

Влатко Зорба

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не спроведе ниту една мерка за да обезбеди чист воздух

Ивана Рамаданова

Николовски: За овие три години jа извадивме земјата на прав пат

Возачите на тешки товарни возила ќе влегуваат во Грција без негативен тест

Никола Поповски