МАКЕДОНИЈА

Законот за заштита од дискриминација помина во прво читање во Собранието

Собранието попладнево на 15. седница го изгласа Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање.

Ова законско решение, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, е од суштинска важност пред се за граѓаните.

-Потрошивме многу време изминативе години во поделби, дискриминација, стигматизирање кои не носат добро никому и ги кочат нашите чекори напред. Ова решение е истото кое беше во законодавниот дом пред две гоини помина низ долг консултативен процес и кое доби зелено светло и од меѓународни експерти вклучително и Венецијанската комисија, рече Шахпаска.

Со ова законско решение, според министерката, ќе се овозможи целосно приближување до меѓународните стандарди, а нашите граѓани ќе добијат соодветна правна заштита.  

-Формирање на професионална Комисија за спречување на дискриминација. Комисија ќе биде составена од 7 члена.Тие ќе го претставуваат составот на општеството во целина. :lenovite na Komisijata treba da imaat Минимум 7 години работно искуство од областа на човековите права, од кои 5 години во областа на еднаквост и недискриминација. Комисијата носи заклучоци, преорачува постапки за отстранување на повредите на правото. Со Законот се воведува тужба за дискриминација од јавен интерес. Ќе ги штити лицата кои се дискриминирани по која било основа, рече Шахпаска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски истакна дека ќе дадат поддршка да се пристапи кон усвојување на овој закон.

– Значајно е што покрај условно кажано во делот на казни се работи во делот на превенција. Мора да ја креваме свеста кај општеството за овие прашања, заеднички да работиме на превенција од дискриминација без разлика по која основа е, рече Николовски.

Маја Морачанин од ДОМ рече дека со овој закон се овозможува заштита од дискриминација што е напредок на човековите права.  

-Сега за првпат во нашето законодавство во овј закон сексуалната ориентација и родовиот идентитет се наведени експлицитно како основи за диксриминација и сметам дека ова навистина многу ќе придонесе за заштитата и спречување на дискриминацијата на една од најмаргинализираните групи во нашето општество а тоа се ЛГБТ. Навистина ми е драго што и по ова прашање има консензус, рече Морачанин.

Поврзани вести

Првпат извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај 68-годишен пациент со акутна леукемија

Влатко Зорба

ЈСП направиле грешка при преводот на албанскиот јазик на новиот билет (фото)

Берта Китинска

Филипче: Ги подобруваме условите во Клиниката за психијатрија

Богојески: Зошто имавме предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?

Никола Поповски

Вархеји ја претстави новата методологија – Ќе важи за преговорите со С. Македонија и Албанија

Александар Тодески

Гламчевски: Моето лично искуство со коронавирусот