МАКЕДОНИЈА

Започна полицискиот час

Вечерва од 21 часот стапи на сила забраната за движење на граѓаните во ноќните часови. Воведен е полициски час што ќе трае од 21 до 06 часот секој ден. Целта на оваа ригорозна мерка, воспоставена прв пат во историјата на земјава со одлука на Владата, е максимална заштита на граѓаните од коноронавирусот.

Со полицискиот час нема да бидат опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица. Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

За време на полицискиот час ќе се ограничи и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека ќе може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед. Ќе се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.

За време на полицискиот час ќе биде забрането движење и на возила од јавен превоз. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби и Топлификација, пак, смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

Директорите на јавните здравствени установи треба да изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење и ќе го дистрибуираат до МВР или друго надлежно Министерство со цел изготвување специјални пропусници и легитимации за рестриктивните часови. Така МВР ќе има комплетен увид за лицата кои се движат.

Поврзани вести

Чулев барал возила кои се користат и кај Пендаровски, самиот тој на користење има седум возила

Шекеринска: Да не се лицитира кој ќе биде технички премиер

Влатко Зорба

Хан за одлуката за С.Македонија: Сите рекоа дека станува збор за огромна грешка со далекусежни последици

Влатко Зорба

Шкријељ: Време е за радикални промени, време е за 50-50 застапеност на жените и мажите во политиката

Viktor Jovanov

Денеска и утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Од коронавирус почина познатиот диџеј Ицко

Берта Китинска