МАКЕДОНИЈА

Затвор од 8 години за поранешниот градоначалник на Битола Талески

Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески доби осум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување за случајот „Транспортер”.

Првостепената пресуда за овој предмет кој го покрена Специјалното јавно обвинителство, ја изрече судијката Добрила Кацарска, а странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни.

Обвинетите беа гонети за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Поврзани вести

Шилегов: Воведен систем на бесплатно собирање отпад од стрништа и се собрани над 700 кубни метри биолошки отпад

Никола Поповски

Чулев: Доколку мојот чесен пристап во работата за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да ме нарекува така

Тупураинен: Францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска

Ивана Рамаданова

Смилевски кон ВМРО-ДПМНЕ: До кога ќе ширите лажни вести за Бутел?

Влатко Зорба

Шекеринска – Парли: Ако пред нас има строги правила и критериуми, ние можеме да постигнеме и подобри резултати

Stefanija Kuzmanovska

Петров: Мицкоски би го прашал што ќе прави со Преспанскиот договор

Viktor Jovanov