МАКЕДОНИЈА

Здравство: Уништивме инсулин набавен во време на ВМРО-ДПМНЕ со паралелен увоз

Министерството за здравство ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите.

„Министерството за здравство информира дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин“, велат од Министерството.

Од таму додаваат дека инсулинот кој бил уништен бил во вредност од 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра како што обвинува опозицијата.

„Еден од најголемите проблеми во здравството во владеењето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше набавката на лекови со паралелен увоз и сомнителен квалитет. Владата на Република Северна Македонија направи суштински реформи во здравствениот систем. Со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет. Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат. Пациентите користеа инсулини од сомнително потекло и не се знаеше дали тие инсулини функционираат или не. Прашајте ги пациентите дали беа задоволни од инсулините од паралелен увоз со сомнителен квалитет и потекло. И прашајте ги сега, колку се задоволни од новите инсулини кои се оригирални“, велат од Министерството за здравство.

Во соопшението, посочуваат дека вовеле три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови.

„Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени“, реагираат од Министерството.

Поврзани вести

Заев: 9 мај е датум кој е силно врежан во европската историја

Пленковиќ: На самитот на ЕУ во мај мора да се пронајде начин како да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија

Само еден македонски град е без активни случаи на коронавирусот

Берта Китинска

Градинките се отвораат од први септември?

Берта Китинска

Заев на брифинг со амбасадорите: Имаме план за отворање на 80 отсто од поглавјата со ЕУ до 2024

Александар Петровски

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, вкупно 228, меѓу нив и тримесечно бебе