МАКЕДОНИЈА Политика

Зекири: Пратениците се боксерска вреќа, сите се истураат врз нас и мислат дека сме ги побарале тие лаптопи

Мухамед Зекири од СДСМ во емисијата 24 анализа во врска со набавените лаптопи за собраниските служби, рече дека тие биле донација и не се за лична потреба за пратениците.

„Пратениците ниту биле во тек ниту знаеле што се случува. Тие се боксерска вреќа и сите се истураат врз нас мислат дека ние сме ги сакале и сме ги побарале тие лаптопи. Ова е проект со години и минатата година беше донесена одлука да се набават компјутери со донација од швајцарска амбасада за собраниските служби, не за пратениците. Имаме ние службени компјутери во канцеларија, имаме и таблети ги задолжуваме кога го земаме мандатот и ги враќаме кога ќе ни заврши мандатот“. – рече Зекири.

Зекири рече дека парите за лаптопите не се исплатени од буџетот, туку е донација.

Поврзани вести

Продолжува променливото време

Берта Китинска

Заев: СДСМ нема да се откаже од воведување една изборна единица

Ивана Рамаданова

Штедачите од Еуростандард ќе бараат правда пред Уставен за уставноста на член од Законот за банки

Биг Мама пеела на свадба во ресторан, инспекција го затворила објектот (фото)

Филипче: Инкубацијата на пациентката е одамна помината, таа не претставувала опасност за луѓето со кои патувала

Влатко Зорба

Шахпаска: „Можеме“ е за раст на плати, социјални трансфери, грижа за сите граѓани