МАКЕДОНИЈА Политика

Зекири: СДСМ сака да се постигне договор, ајде да одиме на избори

Во гостувањето на ТВ 24, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири истакна дека СДСМ сака да оди на избори со ВМРО-ДПМНЕ за да ги порази.

-СДСМ нема отстапено од своите позиции, ние сакаме да постигнеме договор, за тоа време има до сабота. Ако се укине вонредната состојба ние треба да го почитуваме законот и уставот односно уредбата која што кажува дека треба да се одмрзнат роковите и ќе треба да почнат да течат 22 дена. Има канал за комуникација меѓу двете партии и се надеваме и посакуваме да постигнеме заеднички датум и да настапиме на избори. Рокот постои дај да одиме на избори.

Зекири го обвини министерот на МВР, Наќе Чулев дека не преземал никакви мерки,  и дозволил да се одржуваат масовни ифтарски вечери, па затоа во овие општини има најмногу заболени од Ковид-19.

-Со оваа болест се водиме што кажуваат епидемиолозите, лекарите и стручните лица кои велат дека борбата против Ковид-19 и натаму ќе трае. Последните случаи на заразени лица, поголемиот дел се резултат кога министерот Наќе Чулев прекина да казнува луѓе и дозволи во овие населби каде има најмногу новозаболени да се организираат масовни ифтари без да се преземат никакви мерки и тоа во време на полициски час.Наќе Чулев свесно очигледно по наредба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ играше на оваа карта да нема казнување и почитување на мерките и луѓето да се заразуваат и вие да може да бегате од избори, рече Зекири.

Поврзани вести

ДУИ е за што побрзо организирање на изборите

СДСМ: Законот за ЈО со својата конечна верзија е во собраниска процедура

Берта Китинска

Филипче: Трансплантацијата на органи е исклучително благороден чин

Ивана Рамаданова

Без проблеми се одвива гласањето на болните во шест општини од Југоистокот

Среде вонредна состојба полицаец во униформа и со службено оружје, игра оро во Кочани

Собранието нема пропис ако некој пратеник се зарази со коронавирус, вели Џафери

Берта Китинска