МАКЕДОНИЈА

Жерновски: Се води сметка да се има професионален дипломатски кадар

Се води сметка да се има професионален дипломатски кадар и успехот кој сега го постигнуваме, не е случаен. Постои подготвеност за разговор за повеќе претставници во ДКП-та од етничките заедници, бидејќи главно е да бидат квалитетни како кадар, одговори заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на прашањето од пратеничката од Алијанса за Албанците Арта Точи за бројот на Албанците во македонската дипломатска мрежа.

Жерновски информираше дека од доаѓањето на новата гарнитура во МНР поставени се 19 амбасадори, од кои пет се жени, кои внимателно и квалитетно, истакна, ги претставуваат нашите позици.

Дами амбасадори, информира Жерновски се поставени во ЕУ, во Обединетото Кралство, во Франција и во Холандија, во Грција и во Шведска.

Од 19-те поставени амбасадори, седум се припадници на етничките заедници.

Во однос на намерата да се врати професионализмот во вршењето на оваа должност и обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ дека се врши партизација во МНР и при селекцијата на новите амабасдори, Жерновски посочи на споредбата направена со последните 10 амбасадори пратени во 2014-та година и со 10-те последни пратени амбасадори од оваа Влада и МНР.

– Компарацијата е фасцинантна, ако зборуваме за вкупен дипломатски стаж, колку години имаат поминато во дипломатија, споредбата е неверојатна 214 години со 28 години. И тоа ви кажува за тоа како порано се водело или не сметка за професионалниот кадар од страна на МНР. Има еден амбасадор во 2014 година кој имал 22 години работен стаж, еден има четири години, потоа еден со две години работен стаж е пратен да биде амабасадор, рече заменик-министерот за надворешни работи.

Седум амбасадори, потенцира Жерновски, се пратени да ги бранат боите на нашата држава со нула години дипломатски стаж, со што се поништени сите можни закони кои ја третираат областа на надворешната политика.

Поврзани вести

Ниските откупни цени главен проблем за македонските земјоделци

Александар Петровски

Османи: Лажна е веста дека ДУИ им платиле на Комитите да го демолираат билбордот за Албанец премиер

ЕК: Северна Македонија ги забрза реформите, треба да почне преговори

Пленковиќ: Се надевам дека С. Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ уште пред загребскиот самит во мај

Stefanija Kuzmanovska

Бектеши: Најпогодени сектори од коронавирусот се туризмот и угосителството

Viktor Jovanov

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Берта Китинска