МАКЕДОНИЈА

Жерновски-Радман: Северна Македонија, приоритет за хрватското претседателство

Заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски, учествуваше на Четвртиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранската Трилатерала – Хрватска, Албанија и Црна Гора, кој се одржа во Задар, Република Хрватска.

Како што соопшти МНР, главни теми на состанокот беа проширувањето на Европската унија во пресрет на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската унија во првата половина од 2020 година, соработката во рамките на НАТО, а беа разменети мислења и за актуелните прашања и предизвици во регионот.

На маргините на состанокот, заменикот министер Жерновски оствари билатерална средба со својот хрватски домаќин, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, на која беа потврдени одличните пријателски односи на Република Северна Македонија со Република Хрватска, а силно беше реафирмирана и европската перспектива на нашата земја.

Очекуваме одлука за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и завршување на постапката на зачленувањето во НАТО за време на нашето претседателство со ЕУ, истакна хрватскиот министер Радман.

Жерновски потенцираше дека Северна Македонија созрева преку својата битка.

-Ние ги насочуваме нашите напори кон иднината. Очекуваме позитивни вести за време на хрватското претседателство како валоризација на досега сработеното, рече Жерновски.

Двајцата разговарале и за можностите за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка.

Жерновски имаше билатерални состаноци и со своите колеги од Република Албанија и Република Црна Гора. На средбите преовладуваше ставот дека регионот умее да произведе добри вести ако има волја и искрен пристап.

-Сите предизвици можеме ефикасно да ги совладаме само преку заеднички и добро координирани напори на регионално ниво. Оттука, јас цврсто верувам во моќта на регионалната соработка во Југоисточна Европа” изјави Жерновски на средбите, се наведува во соопштението.

Поврзани вести

Шкријељ: Ќе продолжиме со грижата секое дете да има еднакви можности

Ангеловска-Бежоска: Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу

Европски суд за човекови права: Љубе Бошкоски немал правично судење

„Силна грчка армија“ хакираше две македонски министерства, објавени мејловите и лозинките на вработените (ФОТО)

Нова апаратура на Клиниката за очни болести

Богдановиќ на ручек кај Вучиќ за Денот на државноста

Stefanija Kuzmanovska