МАКЕДОНИЈА Политика

Жерновски: Владата, МНР и Никола Димитров се школски пример за комуникација

Нашите политики и визии за модерна транспарентна држава веќе претставуваат воспоставен стандард и пример за сите земји во регионот.

Па така, најновата анализа “Дигитална дипломатија”, наменета за земјите од регионот и пошироко, посочува дека Владата на Северна Македонија, МНР и Никола Димитров се школски пример за комуникација, споредбено и со земји членки на ЕУ.

Сето ова се должи на воведениот видлив и достапен систем за односи со јавноста, како целосно нов концепт за активна транспарентност и отчетност на владините институции кон граѓаните.
Владината стратегија за комуникација со јавноста за 2019-2020 е резултат на огромен ангажман и соработка на владините службеници за односи со јавност, но и лична вложеност на Зоран Заев, согласно определбата на Владата за создавање на систем на демократски комуникациски сервис, според правилата на етичко, одговорно и професионално однесување.

Во таков дух ќе продолжиме и во претстојниот мандат, согласно демократските вредности на отчетност, услужност и слобода на изразувањето, напиша на својот Фејсбук профил Андреј Жерновски.

 

 

Нашите политики и визии за модерна транспарентна држава веќе претставуваат воспоставен стандард и пример за сите земји…

Gepostet von Andrej Zernovski am Donnerstag, 6. August 2020

Поврзани вести

Османи: Сите шпекулации и лажни обвинувања кон мене во случајот „Пациент“ завршија

Пратениците ги изгласаа дополнителните заменици министри

Јакимовски: Од здравствено прашање ковид -19 кај нас се претвора во политичко прашање

Компас пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Влатко Зорба

Советот за етика во медиумите на Македонија ќе учествува во одбележување на Деновите на медиумска писменост

Maja_Serafimova

МАПА: Ресен, Берово и Свети Николе без ниту еден случај позитивен на Ковид 19