МАКЕДОНИЈА

Жерновски за Мицкоски: Во ваква ситуација да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака – жалосно

„Во некои други времиња, политичкиот прагматизам би ме натерал да се радувам на оваа инфантилна постапка и лага на првиот човек на опозицијата. Сепак, во ваква ситуација, кога се соочуваме со смртоносна пандемија која не познава полова, верска, национална или политичка разлика, секојдневно да го напаѓаш министерот за здравство, да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака – жалосно“, пишува заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.

„Ќе го повторам тоа што го порачав пред десетина дена: Оставете ја на страна политиката, сега ни е потребно заедништво и солидарност. Неопходна е ЗАЕДНИЧКА битка! Срамота е ова што го правите. Ако веќе не сакате и не можете да помогнете, тогаш барем не одмагајте!“, се вели уште во реакцијата на Жерновски.

Таа доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вчера помошта од Словенија преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19 си ја препишаа како своја заслуга, а техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, сам ја пречека на аеродромот.

Во пораката објвена на социјалните мрежи тој му се заблагодари на Мицкоски затоа што, како што тврдат, ден претходно разговарал со премиерот Јанез Јанша, што според нив, резултирало со оваа хуманитрнаа пратка.

Поврзани вести

Трошоците на живот во септември на месечно ниво пониски, на годишно ниво раст од 0,3 отсто

Влатко Зорба

Манчевски: Нашата држава е масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор

Maja_Serafimova

Во Карпош: Редарски служби го контролираат редот и повикуваат на физичка дистанца

Берта Китинска

Снегот го немаше цела зима, па се појави на крајот на март

Времето сончево и топло, од среда ќе опадне температурата и ќе врне дожд

Maja_Serafimova

Пендаровски им го честита Свети Сава на припадниците на српската заедница

Stefanija Kuzmanovska