МАКЕДОНИЈА Политика

Зибери: Доколку се создадат услови за избори на 21 јуни, ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе го одбрани ставот за бојкот

Политичкиот експерт и поранешен пратеник, Насер Зибери за емисијата „360 степени“ на Ал Сат ТВ зборуваше за престојните избори и датумот на нивното одржување.

Тој изјави дека ако сите домашни и меѓународни фактори се договорат изборите да се одржат во текот на летото, на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде многу тешко да ја одржи позицијата за бојкот.

„Доколку сите елементи одат во прилог на идејата за организирање избори на 21 јуни, за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тешко да го одбрани ставот дека нема услови за одржување избори. Мислам дека ова е неоправдано барање и политички и во правна смисла, но и економски, и во здравствена смисла затоа што земјата ја очекува сериозен предизвик во сите овие димензии што ги истакнав пред малку“, смета Зибери.

Тој дополнува дека ситуацијата е неподнослива и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде првиот субјект кој ќе бара што поскоро избори за да се надмине ваквата ситуација.

„Владата е во оставка, ние сме сега во бесмислена ситуација. Поместувањето на датумот од 21 јуни подразбира и продолжување на вонредната состојба за да нема правна празнина за организирање на изборите. Во спротивно датумот од 12 април како датум за избори паѓа и немаме орган кој ќе одлучи да ја поништи претходната одлука и да донесе нова одлука. Согласно Уставот тоа го прави претседателот на Собранието, а сега Собранието не функционира“, заклучува Зибери.

Поврзани вести

Филипче: Анестеолозите и инфектолозите прават максимум за пациентите со тешка клиничка слика

Stefanija Kuzmanovska

Лукаревска во Куманово: Македонската развојна економија ги вклучува сите граѓани

Александар Петровски

Манчевски: К-15 нема да важи за рамковно вработените кои седат дома

Влатко Зорба

Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура

Влатко Зорба

Костадинов: Од каде му се информациите на Мицкоски дека владата е виновна за случајот со Мисајловски?

Влатко Зорба

МЗ: Починаа 8 пациенти, регистрирани 134 нови случаи на ковид-19

Берта Китинска