МАКЕДОНИЈА Политика

Зибери: Струга е туристички центар кој има голем потенцијал за развој на туризмот

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери и носителот на листата на кандидати за пратеници на оваа партија во ИЕ 5, Талат Џaфери, денеска ги посетија Струга, Дологожда, Ливада, Велешта, Лабуништа и Радолишта.

За време на посетата во Струга, Зибери се сретна со граѓаните на ова општина каде разговараше за потребите и идеите на жителите од овој регион на кои им ги претстави своите ставови и планови за првите 100 дена.

– Струга е туристички центар кој има голем потенцијал за развој на туризмот, каде се реализирани многу проекти, се реализираат и ќе продолжи да се реализира со цел Струга да стане попривлечен центар за странски посетители и да се подигнат стандардите на живот, рече Зибери.

Во разговорот со граѓаните на Струга, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја идејата на првиот албански премиер, кој претставува силен симбол за еднаквост, мултиетничност и современа демократија, исто така и идејата за подобар живот за сите. Поради оваа причина очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници.

Поврзани вести

Чулев не сака да им ја продолжи важноста на документите и покрај гужвата за сликање за нови

Александар Тодески

Поради минирање на патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека ќе биде делумно прекинат сообраќајот

Борисов во автомобил ја слуша „Корона чао“ на Дац и Александар (ВИДЕО)

Влатко Зорба

МЗ: Тројца од осумте тестирани се позитивни на коронавирусот

Влатко Зорба

Левица поднесе 425 приговори до ДИК

Влатко Зорба

Филипче: Почина 66-годишна пациентка од Дебар