Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс објави дека не може да го промени позитивниот однос кон Маурицио Сари независно од фактот дека станал тренер на Јувентус.
Стручњакот беше на чело на Наполи, но по краток престој во Челзи се врати во Серија „А“ и тоа на чело на хегемонот од Торино.
Во Неапол многумина побрзаа да го прогласат Сари за предавник, вклучувајќи и Лоренцо Инсиние, но Мертенс не е меѓу нив.
„Работев со него три години, и не можам да го отфрлам тоа време. Тој ми ги отвори очите за фудбалот, ми дозволи да гледам кон него така, како што тој го гледа. Многу ми се допаѓа неговата гледна точка. Не знам што ќе направи Сари во Јувентус. Да го научи нешто Роналдо? Не верувам дека има многу да научи. Мислам дека тие ќе се забавуваат многу заедно. Во секој случај, тоа е само фудбал. Јас секогаш ќе се сеќавам на Маурицио како на лице кое ми даде сè. Исто така, се покажа во Челзи. Сега е чудно што го гледаме во Јувентус, но нема проблем барем за мене“, рече Мертенс.