Прочитајте што ѕвездите ви порачуваат за неделата која претстои, на поле на љубовта, здравјето и секако, работата и финансиите.
Овен
Од една страна ви одговара воздржаноста на саканата личност, но од друга, се прашувате дали нешто вие погрешивте. Сингл Овните ќе имаат доста интересни ситуации, особено со онлајн познанства. На работа е многу интензивно, но вие сепак останувате мирни и одите по најјасниот пат. Можни предлози за соработка со странство. Можни се мали проблеми со варењето. Обидете се да направите промени во исхраната, но и во животните навики.
Бик
Партнерот ве нервира со некои свои постапки, но на вас е да ја смирите ситуацијата, па дури и ако тоа значи да го оставите да ја „излади“ главата. На слободните Бикови им претстои можна средба со личност од минатото која ќе ги разбранува емоциите. На работа постојано исправувате „криви дрини“ и веќе ви е смачено од тоа. Само со трпение ќе успеете да го надминете овој проблем. Чувајте се од вирусни инфекции и обидете се да не претерувате со брза храна.
Близнаци
Ништо не оди онака како што сте планирале, па трошите многу повеќе енергија отколку што имате. Пренасочете ја кон нешто продуктивно, ќе се чувствувате многу поисполнети отколку да се расправате. Слободните Близнаци привлекуваат нови личности во животот. На работа ве чека позитивен развој на нештата, дури и ако некои ваши идеи бидат инстантно отфрлени. Здравјето ви е особено чувствително, потребно е дополнително да внесувате витамини и минерали.
Рак
Многу вистини и тајни ќе излезат на површина и неколку дена ќе се чувствувате ужасно поради тоа, но потоа нештата ќе бидат многу полесни. Слободните Ракови ќе се насочат кон личност од минатото која не можат да ја заборават. Добрите резултати на работа се неизбежни, со оглед на фактот колку време и енергија вложувате во тоа. Ве мачат метеопатски тегоби, немате волја, уморни сте… Време е да одморите.
Лав
Време е со партнерот да прозборите за ситуации кои подолго време ги премолчувате и едниот и другиот. Расчистете го мракот, додека не го направите тоа ќе биде нестабилно. Нова личност ќе се појави во животот на слободните Лавови, ќе комуницирате добро и заемно ќе уживате. Ќе имате навистина напорна работна недела, а притисокот од приватниот живот ќе го претворите во продуктивност. Колегите не можат да го следат вашето темпо. Можни проблеми со грбот и мускулите.
Девица
Постојано сте напнати, ве мачат многу ситуации и се трудите тоа да не се рефлектира врз односот со партнерот. Слободните Девици ќе евоцираат спомени, ќе станат меланхолични по нешто од минатото, но за среќа, тоа брзо ќе помине. Одговарате на сите работни задачи без никаков проблем ниту со минута задоцнување. Имате ситни финансиски проблеми кои наскоро ќе бидат доста елегантно решени. Пречувствителни сте на временските промени, можна вирусна инфекција.
Вага
Голем проблем кој ви тежеше изминатиот период конечно ќе се тргне од вас и ќе почувствувате голема доза на полетност и оптимизам. Партнерот се однесува чудно. Слободните Ваги имаат додворувачи, но никој не се издвојува особено за да му посветат внимание. На работа имате притисок, но ќе се извлечете и ќе ја свртите ситуацијата токму онака како ви одговара. Не позајмувајте пари никому. Освен мали проблеми со грлото, други здравствени пречки нема да имате.
Скорпија
Посветени сте најмногу на себе, но тоа не значи дека немате време за саканата личност. Нервози не ви се потребни. Слободните Скорпии се склони кон краткотрајни авантури. На работа може да чуете критика, но зад својот грб. Воопшто не сте среќни поради тоа, но ви станува јасно дека ќе треба да промените нешто во своето однесување. Ќе бидете подложни кон вирусни инфекции, но и кон внесување многу штетни масти.
Стрелец
Сè што ќе почнете ќе даде позитивен резултат, па дури и решенијата на проблемите кои подолго време „висат“ околу вас. Оптимистични сте, насмеани, а слободните Стрелци ги чека многу поволен љубовен период. Работата ви одзема премногу нерви, но знаете дека ништо не е до вас и дека многу нешта го чекаат вистинскиот момент за да бидат откриени и покажани. Можни се ситни проблеми со несоница, но најчесто тоа ќе биде последица на јадење во доцните часови.
Јарец
Се трудите да ги исполните желбите и потребите на партнерот, но некогаш не давате доволно за да го усреќите. Слободните Јарци ќе се сетат на грешки од минатото и ќе сфатат некоја важна лекција од претходните искуства. Можни се проблеми во комуникацијата со колегите на работа, но во оваа ситуација вие ќе излезете како победник. Зглобовите ви се особено чувствителни на променливо време.
Водолија
Љубовното расположение ви е доста нестабилно, па ќе има моменти во кои односот со партнерот ќе биде доведен во прашање. Останете во мирување и ќе ги „прескокнете“ ги овие непријатни фази. Слободните ќе останат слободни, барем до крајот на неделава, за потоа не се знае. И на работа е мал хаос, но не е ништо што не можете да го надминете, само долколку немате нервозни испади пред колегите. Здравјето ви е генерално добро, контролирајте го притисокот.
Риби
Имате проблем со саканата личност и ако не го решите од прва, немојте да се обесхрабрувате, обидете се повторно по некое време, комуникацијата е најважна. Слободните Риби ќе имаат доста интересна недела, особено со познанства преку социјалните мрежи. И на работа е динамично, а наскоро очекувајте доста добри вести за некоја финансиска добивка. Малку сте нервозни и имате проблеми со циркулацијата, а и мора да внимавате како се храните.