Некатегоризирано

Колку топ менаџерите бараат совет од својот животен партнер?

Високите менаџерски позиции носат големи предизвици, ризици, стрес на работното место, што е скоро и нормално за поголем број на професии. Топ менаџерите на својот “грб“ го носат најголемиот товар од работата, управуваат со неколку процеси одеднаш, одговорни се за своите вработени, треба да ги следат промените, да менаџираат со предизвиците, брзо да донесуваат одлуки, да мислат на иднината, да кројат планови за излез од кризата…

Сето ова е тежок и исцрпувачки процес, но не и невозможен. Секој топ менаџер има поддршка од својот тим, колегите, соработниците, клиентите… сите оние со кои постојано е во комуникација и соработува.

Но, истражувањата покажуваат дека скоро половина од топ менаџерите во САД, наместо совет од некој колега, претпоставен или слично, се консултираат со својот животен партнер (момче/девојка – сопруг/сопруга). Освен животните партнери, како “рамо за плачење“ и совети, топ менаџерите им се обраќаат и на своите блиски пријатели.

Експертите сметаат дека на овој начин менаџерите се обидуваат од луѓе кои добро ги познаваат да ја анализираат ситуацијата со објективни “очи“ на некој кој не е инволвиран во работата, туку ја набљудува од страна.

Понекогаш доволно им е да бидат сослушани, да знаат дека некој мисли на нив и ги поддржува, но постојат и ситуации кога нивните идеи и предлози се покажале како доста корисни. Можеби менаџерот од премногу детали не може да ја види целата слика, па затоа некој негов близок ќе може да му помогне полесно да ја “зумира“ целата ситуација.

Поврзани вести

Извештај на ИЈЗ: За една недела регистриран рекорден број на оздравени лица од Ковид 19

На 27 февруари ќе се одржи вториот Национален форум за здравје

Берта Китинска

Експерти: Русија го доби она што го сакаше

Влатко Зорба

Видео: Со 5.000 евра казнет сторителот кој го исече дрвото пред ТЦ „Мавровка“

Берта Китинска

Денеска пресуда за пратеникот Аљими и Гури, обвинети во “Титаник 3”

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд