Некатегоризирано

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани 200.000 заразени за еден ден.

Освен во Бугарија, рекорден број се пријавени во Франција, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Како регион, Европа веќе регистрира повеќе нови случаи отколку трите најтешко погодени држави – САД, Бразил и Индија заедно.

Како што соопштои вчера Министерството за здравство кај нас направени биле 2367 тестирања, а како оздравени се регистрирани 200 пациенти. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство регистрирани се девет починати лица четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25 991, бројката на оздравени пациенти е 18 247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

По реакциите во јавноста дека граѓани дека долго време чекаат за тестирање, министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Фејсбук профил истакна дека силниот есенски бран ги оптеретил лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, потенцира вчера Филипче.

Министерот за здравство вчера имаше состаноци со директорите од Универзитетските клиники, клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од клиниките во Скопје.

По состанокот тој информираше дека во периодот кој претстои ги зајакнуваат сите здравствени капацитети во земјава, се прави целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија.

Филипче додаде дека се подготвуваат дополнителни капацитети со цел подобро справување со вирусот во зимскиот период, посочувајќи дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

– На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од Ковид-19, информираа вчера од Министерството за здравство.

А Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19.

Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.

 – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Поврзани вести

На 27 февруари ќе се одржи вториот Национален форум за здравје

Берта Китинска

Ковид биланс: Починаа 14 лица, нови 404 слуачи

Берта Китинска

Кина: Постигнавме добар напредок со лекот „Фавипиравир“, се забрзува процесот на лекување од коронавирусот

Почина Вељо Цфарку еден од најпознатите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо

По повод членството во НАТО, Пендаровски и Заев упатија честитки

Берта Китинска

Најнова студија: Стапката на смртност во Белгија на исто ниво како во Втората светска војна