Откако помина процес за тестирање на ограничен број корисници во некои земји, Netflix официјално објави дека воведува нов план за претплата. Таа ќе биде достапна во Индија во наредниот квартал и ќе им овозможи на корисниците да ја гледаат содржината само преку мобилните уреди, а тоа ќе биде за пониска цена. Компанијата се надева дека ќе привлече голем број корисници во земји каде што цената на таквите услуги е ниска (помалку од 5 долари).
За време на тестовите, планот бил со цена од 250 рупии (околу 3,20 евра) и ограничување на пристапот до содржина во стандардна дефиниција на само еден мобилен уред (паметен телефон или таблет) во исто време. Досега не е јасно во кои други региони можеме да го очекуваме новиот мобилен план, а Netflix ќе ја донесе таа одлука откако ќе ги анализира своите перформанси во Индија.
Заедно со тоа, компанијата исто така ги објави своите финансиски резултати, кои покажаа пад на американските претплатници од 1.230.000 во последниот квартал. На глобално ниво, само 2,7 милиони претплатници се додадени, што е многу помалку од очекуваните 5 милиони. Приходите за овој период достигнаа 4,92 милијарди долари, додека вкупниот број на претплатници изнесуваше 151,56 милиони, што е за 21,9% повеќе на годишна основа. Падот на американските потрошувачи се должи на неодамнешниот пораст на претплатничките планови.