Останати

Мишел Обама наскоро со нова книга

Иако своето место во Белата куќа одамна ѝ го отстапи на Меланија Трамп, Мишел Обама не се симна од јавната сцена. Некогашната прва дама моментално е многу зафатена околу новата книга која треба да биде издадена за еден месец. Година дена по личните мемоари “Becoming“ кои беа најпродавана книга во САД во 2018 година, некогашната прва дама оваа есен ќе издаде втора книга. „Becoming:A Guided Journal for Discovering Your Voice“ ќе биде пуштена во продажба 19ти ноември, а замислена е како водич кој на читателите ќе им помогне да се соочат со сите животни авантури. Книгата вклучува над 150 инспиративни прашања и цитати кои се поклопуваат со клучните теми во мемоарите на поранешната парва дама, а кои се посебно одбрани за да читателите можат да размислат за својат аи семејнта историја, своите цели, предизвици и соништа, за тоа што ги поттикнува и им носи надеж и за тоа каква иднинина замислуваат за себе и своето семејство. Првата книга на Мишел освен што минатата година беше најпродавана книга во Америка, постигна импресивен светски успех сопродадени 10 милиони копии. Мемоарите се преведени на 45 јазици, вклучитено и македонски. Некогашната претседателска двојка прилично е зафатена откако ја напушти Белата куќа. Барак Обама работи на својата четврта книга, а заедно се посветени на развојот програмска шема за Нетфликс. Имено минатата година потпишаа милионски договор со Нетфликс за кој ќе продуцираат документарци и ќе снимаат ексклузивни интервјуа.

Поврзани вести

Девојката на Кијану Ривс открива зошто не се фарба

MојДДВ#МојаНаграда со награден фонд од половина милион евра

Влатко Зорба

Првото новороденче во Куманово е девојче

Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток поради добри односи со Иран и арапскиот свет

user4

Ако утре не дојде на судењето за „ТНТ“, Тони Трајковски стражарно ќе биде спроведен

Принц Чарлс: Климатските промени се најголема закана за човештвото

Viktor Jovanov