СПОРТ Фудбал

Адеми: Останувам во Динамо до крајот на кариерата, освен ако…

Аријан Адеми го поврзуваа со еден куп клубови во летниот преооден рок лани, се очекуваше трансфер и во зимскиот преоден рок оваа година, но такво нешто нема да се случи. Македонскиот репрезентативец останува во Динамо Загреб до 2025 година.
– Останувам во Динамо Загреб до крај на кариерата, освен ако не дојде некоја понуда од клуб во топ 5 лигите во Европа. Со овој клуб играв Лига на шампиони и доживеав многу среќни моменти, но имам уште цели за реализација. Меѓу нив, секако, е да бидам најтрофеен фудбалер на Динамо, да бидам играч со најмногу настапи за клубот и, нормално, пак да играме во Лигата на шампиони, рече Адеми.
Последната понуда, според медиумите, за него беше од Ал Наср, но, сепак, реши да остане во Загреб каде доби и специјално изработен дрес за продолжување на верноста кон хрватскиот првак.

Поврзани вести

Милик може да се пресели од Наполи во Тотенхем

Александар Петровски

Екс играч на Милан почина во сообраќајна несреќа

Влатко Зорба

Јувентус сака да се раздели со најмалку тројца во зима

Влатко Зорба

Фудбалер се самоуби пред пејачката во која бил лудо вљубен

Stefanija Kuzmanovska

Финалето на ФА Купот може да се одложи најмалку 5 месеци

Stefanija Kuzmanovska

Манџукиќ пристигна во Катар на медицински прегледи (ВИДЕО)

Влатко Зорба