СПОРТ Фудбал

Арсенал го враќа Ремзи?

Арсенал ќе се обиде да го врати Арон Ремзи само една година откако фудбалерот одлучи да замине и да ја продолжи кариерата во Јувентус.

Италијанскиот шампион го привлече Велшанецот како слободен агент, но 29-годишниот играч од средниот ред има потешкотии да се прилагоди во Серија „А“. Пред една недела, „Тутоспорт“ излезе со информации дека Ремзи може да го напушти Јуве во текот на летото.

Од почетокот на сезоната, играчот од средниот ред има само 19 натпревари за Јувентус, повеќето од нив како резерва.

Сепак, Маурисио Сари го бранеше Велшанецот пред денешното полуфинале со Милан во Купот на Италија, велејќи дека играчот ја враќа довербата, иако му беше тешко да се прилагоди по неговиот долг престој во Премиер лигата.

Ремзи помина 11 години во Арсенал, одигра 371 натпревар и постигна 64 гола за лондонскиот тим.

Поврзани вести

Хари Мекгваер пуштен од притвор (ВИДЕО)

Влатко Зорба

„Газета дело спорт“: Роналдо не сфаќа дека веќе не е во Реал Мадрид

Влатко Зорба

Предводникот на Јувентус прогласен за најсекси тренер во Серија А

Stefanija Kuzmanovska

Лигата на шампионите без навивачи

Влатко Зорба

На Балотели му било забрането да влезе на тренинг

Влатко Зорба

Видал за Барса: Кога ќе се вратам, ќе донесам одлука

Влатко Зорба