СПОРТ Фудбал

Арсенал треба да му плати на Сити обештетување од два милиони фунти за Артета

Арсенал треба да му плати на Манчестер Сити обештетување од два милиони фунти за Микел Артета.

Шпанецот во моментов е асистент на Пеп Гвардиола на „Етихад“, но „топџиите“ се надеваат дека ќе го објават утре за постојан менаџер на Арсенал.

Назначувањето на Артета е очигледно прашање на часови, бидејќи Арсенал ја одложи денешната закажана прес-конференција на привремениот менаџер Фреди Љунгберг за утре. Англиските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот може да остане во штабот на Артета и двајцата да го водат тимот во саботниот натпревар против Евертон.

Самиот Артета веќе рече „да“ на Арсенал. Неговиот договор ќе биде за 3,5 години.

Поврзани вести

Челниците на Јунајтед се убедени дека Погба го одиграл својот последен натпревар за клубот

Меси ја известил Барселона дека повеќе нема да игра за тимот

Stefanija Kuzmanovska

Меси без гол, но најзаслужен за триумфот на Барса кај гостувањето кај Бетис

Никола Поповски

Баерн ќе продаде тројца стартери за да го олесни буџетот на клубот

Аргентинецот Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот

Берта Китинска

Дисингер: Добар дел од играчите во Вардар речиси шест месеци немаат земено плата