СПОРТ Фудбал

Артета: Го победив коронавирусот

Тренерот на фудбалскиот тим на Арсенал, Микел Артета, објави дека се опоравил од коронавирус.

Шпанскиот тренер се тестираше и беше позитивен за новиот вирус пред околу десетина дена и оттогаш е ставен во карантин.

Сепак, Артета за локалните медиуми изјави дека се опоравил и се чувствува добро.

„Се чувствувам добро. Се опоравив. Ми беа потребни три-четири дена да ја вратам силата и енергијата и симптомите да се смират. Се чувствувам добро сега“, рече Артета.

Артета посочува дека коронавирусот неочекувано и брзо се проширил.

„Се се случи навистина брзо. Во вторникот, не се чувствував многу добро и отидов на лекар, но немав ништо. Потоа ме повикаа од клубот и ми рекоа дека претседателот на Олимпијакос е позитивен за коронавирусот. Го направивме последниот тест во средата и во петокот се потврди дека сум позитивен. После тоа сите требаше да се во карантин, а јас сега се опоравив “, додаде Артета.

Поврзани вести

Солскјер по победата над Челзи: Ова е вистинскиот Манчестер Јунајтед

Maja_Serafimova

Расел ќе паузира најмалку две недели заради повреда на палецот

Победничкиот гол на Бензема е неговиот прв против Атлетико на „Бернабеу“

Влатко Зорба

Нов селектор на Србија ќе биде Игор Кокошков

Полугола девојка втрча на машкиот слалом, а потоа се случи комична сцена (ВИДЕО)

Левандовски стана магистер по физичко образование