СПОРТ

Астон Мартин од следната година во Формула 1

Производителот на автомобили Астон Мартин ќе се врати во Формула 1 следната година, по преземањето вредно скоро една милијарда долари.

„Бренд со педигре и историја како Астон Мартин мора да се натпреварува на највисоко ниво на мотоспортот“, рече сопственикот на „Рејсинг Поинт“, Лоренс Строл, кој го презеде Астон Мартин.

Астон Мартин ќе има тим во Формула 1 за прв пат од 1960 година.

Сегашните возачи на Рејсинг се синот на сопственикот Ленс Строл и ветеранот Серхио Перес.

Базата на Астон Мартин ќе биде патеката „Силверстон“ во Велика Британија.

Поврзани вести

Трансфер-бомба во последните часови од преодниот рок: Дали Пандев ќе се врати во Интер? (фото)

Никола Поповски

Местени натпревари во Австрија: Уапсени три играчи од просторите на поранешна Југославија?

Никола Поповски

Коронавирусот и проблемот со зависноста од обложување

Stefanija Kuzmanovska

Данецот Ларсен прв професионален ракометар со Ковид-19

Кармело Ентони потпиша со Портланд

Панатинаикос го обвини градскиот ривал Олимпијакос за „тероризам“