Авто/мото

Биното: Фетел секогаш беше прва опција, но она што се случи со пандемијата ја смени ситуацијата во Ф1

Директорот на Ферари, Матија Биното изјави денеска дека возачот Себастијан Фетел сè уште не ја разбира целосно одлуката на тимот да не ја продолжи соработката за следната сезона во Формула 1.

Договорот на Фетел истекува на крајот на сезоната, а Ферари не му понуди нов, иако Биното во февруари изјави дека четирикратниот светски шампион е првиот избор заедно со Шарл Леклер за 2021 година. Наместо тоа, Ферари го избра Карлос Саинц.

Фетел за прв пат беше пред медиумите откако одлуката на тимот беше објавена во четвртокот. Тој рече дека Биното го информирал за тоа во телефонски разговор и дека е изненаден од исходот.

Во интервју за „Скај“, Биното рече дека Фетел е искрен и отворен за медиумите.

„За време на зимската пауза, многу возачи не прашуваа дали има можност и во тоа време тоа е нормално. Но, како што му кажавме приватно, но и јавно, Себ секогаш беше прва опција. Но, она што се случи подоцна, пандемијата ја смени ситуацијата во светот, но и во Формула 1. Построг буџет, правилата што ни беа важни се одложени до 2022 година и автомобилите се скоро „замрзнати“, како и за следната година“, рече тој.

„Сезоната не започна и тоа беше вид изгубена можност тој да се врати на вистинскиот пат и навистина да ги покаже своите намери да вози брзо за Ферари. Моравме да донесеме одлука што е на некој начин одговорност, донесовме одлука и го информиравме. И иако ја прифаќа одлуката затоа што е одличен човек и професионалец, мислам дека тој никогаш нема целосно да ја разбере и затоа е изненаден. Да, мислам дека беше изненаден, што јас исто така го разбирам“, додаде Биното.

Директорот на Ферари рече дека односите меѓу Фетел и тимот се уште се одлични, во пресрет на почетокот на сезоната, во недела со трката за ГН на Австрија. Сепак, тој навести дека начинот на кој ја пренесува веста може да биде поинаков.

„Дали одлуката е правилна? Секогаш е тешко да се каже, се надеваме дека донесовме вистинска одлука. Можев ли да комуницирам подобро со него? Разговаравме и за тоа. Јас сум прилично сигурен дека секогаш постои начин како да ги направите работите подобро и јас го прифаќам тоа“, рече Биното.

Првата трка во шампионатот во Формула 1 ќе се одржи во недела од 15.10 часот во Австрија.

Поврзани вести

ФИА го одобри календарот Ф1 2020

Влатко Зорба

Помладиот брат на Леклер во Ферари

Рикардо не верува дека ќе има трки во јуни

Формула 1: ГН на Австрија добива зелено светло за да започне во јули

Ферари: Немаме намера да ја напуштиме Формула 1!

Влатко Зорба

Квартараро со втора победа на Херез, Роси по 15 месеци на подиум

Влатко Зорба