Авто/мото

Ботас: Ќе продолжам да вршам притисок врз Хамилтон

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е задоволен од победата на ГП на Русија и вели дека цело време ја контролирал трката.

Финецот славеше во Сочи по втор пат во кариерата и го забележа својот втор триумф во сезоната, откако вешто ги искористи казните на неговиот тимски колега Луис Хамилтон од вкупно 10 секунди.

„Знаев дека ова ќе биде долга трка, но во моментот кога имав шанса, не застанав. Имав одлично чувство, голема брзина и контрола над сите случувања на патеката“, рече Ботас.

После денешната победа, Ботас го зазема второто место во генералниот пласман со 161 поен. Лидерот Хамилтон има 205.

„Убаво е да се забележи победа и да се намали разликата зад Луис. За мене беше потребно да го задржам моментумот. Ќе продолжам да го притискам, има уште трки, не сакам да се откажувам и ќе видиме како сè ќе заврши“, изјави 31-годишниот возач.

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува на 11 октомври со ГП на Ајфел на патеката Нирбургринг.

Поврзани вести

Мекларен се спаси од банкрот со заем од 150 милиони фунти

Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Мексико, Леклер втор

user5

Ферари работи напорно за да ја зголеми моќноста на моторот за 2021 година

Stefanija Kuzmanovska

Седум Ф1 тимови се вклучуваат во производството на респиратори

Влатко Зорба

Пол-позиција и рекорд за Луис Хамилтон на „Монца“

Влатко Зорба

Формула 1: Првото гранпри на Мајами ќе се вози во мај во 2021 година

user5