Авто/мото

Ботас по победата во Австрија: Совршен почеток

Валтери Ботас победи во првата трка во Формула 1 во 2020 година. Финскиот возач триумфираше на Шпилберг во Австрија по 71 круга.

Тој беше прв од почеток до крај и го остави зад себе Луис Хамилтон, кој немаше подиум заради казната од 5 секунди.

„Бев под притисок, само погледнете колку Луис имаше шанса да ме престигне. Мала грешка и тоа е тоа. Тој беше навистина брз денес, но успеав да се изборам за моето место и да го контролирам исходот од трката. Денес имавме проблеми и моравме да се грижиме за автомобилот, но најважно е што и двајцата ја завршивме трката и забележавме многу поени. Сè на сè, совршен почеток на сезоната“, рече Валтери Ботас.

Пред Хамилтон, а зад Ботас, завршија Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен).

Поврзани вести

Фетел бара начин да се врати во Ред Бул

Верстапен го освои ГП на Бразил

Влатко Зорба

Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Влатко Зорба

Ферари: Немаме намера да ја напуштиме Формула 1!

Влатко Зорба

Квјат објасни зошто не клекнал да протестира против расизмот: Ние Русите не го правиме тоа!

Stefanija Kuzmanovska

Тото Волф верува дека Мерцедес нема да изгуби мотивација следната сезона во Ф1