Авто/мото

Ботaс пред Хамилтон во квалификациите на „Ред Бул Ринг“

Валтери Ботас со Мерцедес беше најбрз во квалификациите за ГН на Австрија, прва трка од новата сезона. На патеката „Ред Бул Ринг“, Финецот постави време од 1: 02.939 и со тоа ја запиша 12. пол позиција во неговата кариера.

Неговиот тимски колега Луис Хамилтон ќе му прави друштво во првиот ред, додека зад нив ќе бидат Макс Верстапен и Ландо Норис. Големото разочарување беше Ферари. Себастијан Фетел, кој ја освои само 11-та стартна позиција.

По неколкумесечно чекање, се одржаа првите квалификации во Формула 1 за оваа сезона. Најдобар и понатаму е Мерцедес, кој доминираше уште пред пандемијата на коронавирус.

Никогаш во историјата, сезоната на Формула 1 не започнала подоцна. Условите на „Ред Бул ринг“ се погодни за почетокот на јули. Сончевото време и температурата на воздухот од околу 25 степени сочинуваат скоро идеални услови за одржување квалификации. Температурата на патеката на почетокот од квалификациите во 15 часот беше 54 степени.

Трката за Големата награда на Австрија е закажана за утре во 15:10 часот.

Поврзани вести

Хамилтон влезе историјата со шестата светска титула во Формула 1

Влатко Зорба

Прв триумф за Биндер и КТМ во МотоГП

Влатко Зорба

Алонсо: Хамилтон има слабости, кои никој не ги користи

Александар Петровски

Формула 1: Првото гранпри на Мајами ќе се вози во мај во 2021 година

user5

„Опел корса“ – автомобил на годината

Изненадување во МотоГП, Португалец славеше во Штаерска

Влатко Зорба