Авто/мото

Директорот на Ферари: Добро е што Фетел заминува – и за него и за нас

Директорот на Ферари, Матија Биното изјави денеска дека верува дека Себастијан Фетел сепак уште чувствува страст кон Формула 1.

Тој додаде дека не знае што ќе прави четирикратниот светски шампион кога ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

Во интервју за „Sky Italia“, Биното призна дека тимот се коцкал кога го ангажирал Карлос Саинц за следната сезона, бидејќи Ферари заедно со Шарл Леклер ќе го имаат најмладиот пилотски состав од 1968 година.

Тој рече дека вреди да се ризикува на почетокот на новиот циклус, со цел да се прекине долгата низа без титула.

Фетел дојде во Ферари во 2015 година, а по меѓусебниот договор, тој ќе го напушти италијанскиот тим на крајот на сезоната.

„Мислам дека е правилно и за него и за нас. Само Себ знае што ќе прави во иднина. Тој е одличен возач и ќе го направи вистинскиот избор. Тој помина шест години во Ферари и тимот има посебно место во неговото срце. Ние сме во добри односи со него, што не треба да се презема со лесна рака, кога ќе се разделуваме. Постои взаемно разбирање за причините за оваа промена“, рече Биното.

Поврзани вести

ФИА го одобри календарот Ф1 2020

Влатко Зорба

Верстапен го освои ГП на Бразил

Влатко Зорба

Мик Шумахер: Фетел за мене е она што татко ми беше за него

user5

Коронавирусот го откажа кинеското Гран-при 2020 во Формула 1

Фетел: Никој не знае до кој степен може да се контролира ситуацијата со коронавирусот

Алонсо на четвртото место во првата фаза од релито во Саудиска Арабија