Авто/мото

Филипче доби подарок од Иџе и посака што побрзо да заврши пандемијата

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денеска возеше низ празните улици на Скопје за време на полицискиот час во знак на поддршка на сите здравствени работници кои водат борба со Ковид-19.

Тој исто така се сретна и со Министерот за здравство, Венко Филипче, на кој му се заблагодари за борбата која ја водат здравствени работници.

Пред да почне со возењето, тој му даде на подарок маица на која пишуваше „херои“, како благодарност за сите здравствени работници и за полицијата и за сè што прават за време на кризата.

Двајцата посакаа оваа пандемија што побрзо да заврши и на крајот да излеземе како победници.

Поврзани вести

Леклер негираше дека новиот мотор на Ферари за трката во Бразил ќе биде тест верзија за сезоната 2020

Хамилтон со победа ја заврши сезоната во Формула 1

Влатко Зорба

Тимовите со контра-предлог за 2021 година

Влатко Зорба

Ферари и официјално ги заврши надградбите за 2019 година

Влатко Зорба

Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Мексико, Леклер втор

user5

Формула 1: ГН на Австрија добива зелено светло за да започне во јули