Авто/мото

Хамилтон го надмина Шумахер и се запиша во историјата на Формула 1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се запиша во историјата на Формула 1 како прв кој остварил 92 победи во светскиот шампионат.

Британецот победи на денешното Гран при во Португалија и го надмина легендарниот Михаел Шумахер кој во својата кариера забележа 91 победа.

На победничкиот подиум на патеката „Алгарве“ се најдоа и второпласираниот Валтери Ботас исто така од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул.

Во првите 10 место обезбедија уште и: Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Карлос Сајнц (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Естебан Окон (Рено Спорт), Даниел Рикиардо (Рено Спорт) Себастијан Фетел (Ферари).

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедлив лидер со 256, пред Ботас кој има 179, трет е Верстапен со 162 бода.

Поврзани вести

Фетел преговара за договор со Рејсинг Поинт

Stefanija Kuzmanovska

Хамилтон се шегува: Ќе му плаќам на Кими да не си замине од Ф1

Александар Петровски

Преговорите меѓу Ферари и Фетел пропаднаа: Формула 1 добива неочекуван пресврт

Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот Роси ги израдува фановите: Не размислувам за пензија!

Влатко Зорба

Дакар 2020: Сајнц освојува по третпат, кај моторциклите Американец испиша историја

Никола Поповски

Алекс Маркез ќе вози во Хонда заедно со неговиот брат Марк