Авто/мото

Хамилтон ја освои пол-позицијата во Сочи со нов рекорд на патеката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.

Триесет и петгодишниот Британец постави нов рекорд на автодромот во Сочи. Тој еден круг возеше за 1,31.304 минута. За него ова е 96-та пол-позиција во кариерата.

Макс Верстапен од Ред Бул стигна до второто место, додека Валтери Ботас (Мерцедес) се најде на третото место.
Од 4. до 10. позиција се најдоа: Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.

Главната трка за руското Гран-при од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток во 13:10 часот.

Поврзани вести

Цел свет плачеше на тој 1. мај: Аиртон Сена со 310 км/час замина во смрт! (ВИДЕО)

Рено дисквалификувани од Гран-при на Јапонија

Влатко Зорба

Хамилтон победи во Австрија, целосен триумф на Мерцедес

Влатко Зорба

Хамилтон: ФИА често ги менува правилата

Александар Петровски

Волф: Не можеме да ја игнорираме ситуацијата со Фетел

Хамилтон за рекордот: Сè му должам на Мерцедес!

Влатко Зорба