Авто/мото

Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Шесткратниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка во Абу Даби, и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната во која на доминантен начин дојде до нова титула.

Хамилтон немаше освоено пол-позиција уште од трката во Германија, тоа го мотивираше него и неговиот тим Мерцедес, па беа најдобри на квалификациите и во Абу Даби.

За Хамилтон се најдоа Макс Верстапен и двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Себастијан Фетел. Второ најбрзо време имаше Валтери Ботас, но Финецот го смени моторот и ќе тргне од последната позиција.

Поврзани вести

ФИА го одобри календарот Ф1 2020

Влатко Зорба

„Опел корса“ – автомобил на годината

„Пирели“ очекува попредвидлива Формула 1 во 2020 година

Влатко Зорба

Тото Волф верува дека Мерцедес нема да изгуби мотивација следната сезона во Ф1

Хамилтон сака да остане во Мерцедес

Фетел: Никој не знае до кој степен може да се контролира ситуацијата со коронавирусот