Авто/мото

Хамилтон за рекордот: Сè му должам на Мерцедес!

Луис Хамилтон победи во Португалија и стана возач со најмногу триумфи во историјата на Формула 1. Британецот се најде на највисокото скалило на подиумот по 92 пат на патеката „Алгарве“ и со тоа е сам на врвот по бројот на победи во историјата, надминувајќи го легендарниот Михаел Шумахер.

Луис не го криеше својот ентузијазам по трката и му се заблагодари на целиот тим за сè што направија за него.

– Сè му должам на Мерцедес!. И на луѓето овде и на оние во фабриката. Вистинска привилегија е да се работи со нив. Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам тука и ќе го соборам овој рекорд. Ќе треба малку време сè да се смири, немам зборови – рече воодушевениот Хамилтон.

Поврзани вести

Алонсо на четвртото место во првата фаза од релито во Саудиска Арабија

Алекс Маркез ќе вози во Хонда заедно со неговиот брат Марк

Хамилтон очекува многу понеизвесен шампионат во 2020 година

Од следната сезона повторно црно-белото знаме во Формула 1

Ферари губи 7 десетини на правците

Влатко Зорба

Ферари: Немаме намера да ја напуштиме Формула 1!

Влатко Зорба