Авто/мото

И официјално: Фетел доби наследник во Ферари

Ферари потврди дека Карлос Сајнц ќе го замени Себастијан Фетел во тимот за сезоната 2021 година.

По објавувањето дека Фетел ќе замине на крајот на оваа сезона, Ферари реагираше брзо и влезе во преговори со Сајнц.

Денеска беше официјално објавено дека Шпанецот ќе премине од Мекларен, така што ќе има ново партнерство со Шарл Леклер.

– Јас сум многу среќен што ќе возам Скудерија Ферари, возбуден сум за мојата иднина со овој тим. Сè уште имам важна година со Мекларен, па се надевам дека и оваа сезона ќе биде добра за мене – рече Сајнц, кој ќе потпише двегодишен договор со Ферари.

Пред Ферари, зборуваше и шефот на „црните коњчиња“ – Матија Биното.

– Задоволен сум од доаѓањето на Сајнц, тој има пет сезони зад него и тој покажа дека е многу талентиран, техничките способности и вистинските атрибути го прават идеален да се вклопи во нашето семејство. Напорно работиме на новиот циклус затоа што сакаме да се вратиме на врвот на Формула 1. Ќе биде долг пат, особено заради сите финансиски и регулаторни тешкотии, ќе мора да се справиме со предизвиците на поинаков начин од претходните години, изјави Италијанецот.

Поврзани вести

Браун: 2021 година е совршено време Мекларен да се врати на Мерцедес

Влатко Зорба

Фетел: Трката во Сао Паоло е посебна сè може да се случи таму

Угледниот италијански неврохирург, Никола Ачијари тврди: Шумахер е непрепознатлив

Ботас се уште верува дека има шанса за титулата

Влатко Зорба

По пауза од 18 години: МотоГП се враќа во Бразил

user5

Ферари напреднале со 100 коњски сили од почетокот на хибридната ера