Авто/мото

Кардиохирургот на Шумахер: Луѓе, не правам чуда!

Хирургот, кој го оперираше поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Филип Менаше, кон средината на септември, негираше дека направил „експериментална“ интервенција во Париз. Во интервју за италијанскиот весник „Ла Репблика“, Менаше истакна дека тој „не прави чуда“, но направил сè што може за седумкратниот светски шампион и омилен на многумина – Шуми.

„Ние не правиме никаков експеримент со мојот тим. Тоа е необичен термин кој не одговара на визијата за добра медицина “, коментира тој.

„Имаше големо внимание кон нашиот одел по посетата на Михаел Шумахер, но сега сè се врати во нормала. Ние направивме што можеме“, објасни лекарот за медиумскиот акцент што паднал на болницата.

Хирургот истакна дека има постигнато голем напредок во техниката на матични клетки во последните 20 години, но вистината е дека сега не се знае многу.

Поврзани вести

Официјално: Фетел ќе вози за Астон Мартин

Влатко Зорба

Официјално, откажано француското Гран при

Баричело бил на чекор од смртта: „Имав само 14% шанса целосно да заздравам“

Влатко Зорба

Верстапен на удар во медиумите: Незрел и арогантен

user5

Фетел: Поради парите напредуваат многу спортисти, но понекогаш доаѓа границата

Волф: Не можеме да ја игнорираме ситуацијата со Фетел