Авто/мото

Преговорите меѓу Ферари и Фетел пропаднаа: Формула 1 добива неочекуван пресврт

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната, откако пропаднаа преговорите за нов договор, јави Би-Би-Си.

Како што се наведува, таа вест наскоро ќе ја потврдат италијанскиот тим и четирикратниот шампион.

Наводно, проблем е должината на договорот, откако Ферари понуди едногодишна нова соработка, а Германецот сака долгорочен договор.

Фетел пристигна во Ферари во 2015 година, за кое време оствари само 14 победи, а минатата сезона ја заврши на само петтото место на рангот на возачи.

Поврзани вести

Ферстапен за Хамилтон: Можеби Бог е со него, но самиот тој не е божество

Никола Поповски

Нема изненадувања кај новиот Ред Бул (фото/видео)

Влатко Зорба

Браун: 2021 година е совршено време Мекларен да се врати на Мерцедес

Влатко Зорба

Ферари му нуди нов договор на Фетел за значително помала плата

Верстапен го освои ГП на Бразил

Влатко Зорба

Големата награда на Австралија во Формула 1 откажана поради епидемијата на коронавирус