Авто/мото

Волф: Не можеме да ја игнорираме ситуацијата со Фетел

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тимот е посветен на своите возачи, но дека не може да го игнорира фактот дека Себастијан Фетел го напушта Ферари.

Ферари во вторникот наутро објави дека 32-годишниот германски возач ќе го напушти Маранело на крајот на сезоната, по шест години.

Четирикратниот светски шампион изјави дека „ќе размисли за она што е навистина важно“ кога станува збор за неговата иднина.

Во изјава за германската агенција ДПА, Волф рече дека неговиот тим им дава приоритет на своите возачи.

„Себастијан е одличен возач, одличен човек и одлично засилување за секој тим во Формула 1. Ние првенствено сме посветени на нашите возачи, но секако дека не можеме да го игнорираме ваквиот развој на ситуацијата“, рече Волф.

Актуелни пилоти за „сребрените стрели“ се шампионот Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а нивните договори истекуваат на крајот на сезоната.

Волф преговара со шесткратниот светски шампион за продолжување на соработката.

Медиумите шпекулираат дека Ферари бил заинтересиран за Хамилтон, но Британецот посочил дека сака да остане во тимот со кој освои пет шампионски титули.

Хамилтон ја освои титулата минатата сезона, а негов главен конкурент беше тимскиот колега Ботас.

Сезоната во Формула 1 не започна поради пандемијата од коронаирусот. Шефовите од „Либерти Медија“ се надеваат дека сезоната би можела да започне во јули.

Поврзани вести

Тежок пад за време на тренинг за ГН на Тајланд во Мото ГП: Маркез заврши во болница

user5

Биното: Фетел секогаш беше прва опција, но она што се случи со пандемијата ја смени ситуацијата во Ф1

Влатко Зорба

Бријаторе: Шумахер имаше конкуренција за разлика од Хамилтон

Формула 1: Првото гранпри на Мајами ќе се вози во мај во 2021 година

user5

Угледниот италијански неврохирург, Никола Ачијари тврди: Шумахер е непрепознатлив

Од следната сезона повторно црно-белото знаме во Формула 1