СПОРТ Фудбал

Азар е опериран во Далас, Реал Мадрид ќе мора без него до крај на сезоната

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Еден Азар е опериран во Далас, а Реал Мадрид ќе мора без него до крај на сезоната во Примера.

Хируршката интервенција кај белгискиот репрезентативец беше на десниот зглоб на ногата и првичните прогнози на лекарите се дека ќе отсуствува два и пол до три месеци од терените.

Тоа значи крај на клупската сезона за Азар, а неизвесен е настапот и на Европското првенство. Белгиецот оваа сезона одигра 15 натпревари за „кралскиот клуб“ во сите натпреварувања, во кои постигна еден гол и направи пет асистенции.

Поврзани вести

Бернардо: Првата половина од сезоната е разочарувачка за Сити

Влатко Зорба

ЛШ: Интер се справи со Борусија во Милано, Челзи го надмудри Ајакс во Амстердам

Влатко Зорба

Се е договорено: Ракитиќ се враќа во својот омилен клуб

Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус

Се враќа во Серија А: Раниери се договори со Сампдорија

user5

Зидан без Винисиус, Бејл и Родригез против Легањес

user5