СПОРТ Фудбал

Баер сака 100 милиони евра за Хаверц

Бундеслигашот Баер ја одреди цената за играчот од средниот ред Каи Хаверц. Доколку некој сака да го купи најдобриот фудбалер на тимот од Леверкузен ќе мора да плати 100 милиони евра.

Според „Кикер“ Баер нема ништо против дел од суматада биде во форма на бонуси, но се нагласува дека фудбалерот со сигурност нема да биде продаден до крајот на Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од 1/8 финалето на второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, германскиот тим го победи Ренџерс со 3:1.

Оваа сезона, 21-годишниот Хаверц настапи на 39 натпревари на сите турнири, постигна 15 гола и забележа осум асистенции.

Баер го зазема петтото место во германскиот шампионат и стигна до финалето на националниот куп, каде загуби од Баерн Минхен.

Поврзани вести

Ждрепка во ЛЕ: Интер против Хетафе, Јунајтед на двобој со дебитант во елиминациите

Финалето на ЛШ ќе се игра на 23 август

Влатко Зорба

Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид

Десетта победа во низа за Селтикс (ВИДЕО)

Емери: Тимот не го сакаше Озил за капитен

Борусија пакува тим за титула, пристигна првото големо засилување!

Stefanija Kuzmanovska