СПОРТ Фудбал

Баевиќ сака да го врати Врањеш во репрезентацијата на БИХ, но законот не го дозволува тоа

Душан Баевиќ, кој најверојатно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, планира во тимот да врати тројца „отпишани“, но тоа нема да оди така лесно.

Баевиќ планира да ги повика Асмир Беговиќ, Сенад Лулиќ и Огњен Врањеш. Голманот Беговиќ можеби и ќе успее да го убеди повторно да брани за БиХ, додека Лулиќ неколку пати кажа дека ја завршил репрезентативната кариера. Најкомпликувана е ситуацијата со Врањеш, кој и правно гледано не може да игра.

Врањеш ако се појави таму, ќе биде уапсен поради прекршување на Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски настани. Проблематичниот дефанзивец има спорна тетоважа со ликот на четнички лидер, а вратата на репрезентацијата му беше затворена после аферата со пејачката Јелена Карлеуша.

Поврзани вести

Петти триумф во низа на МЗТ Скопје во Аеродром

Страв од коронавирусот: Италијански министер посочи дека Пандев не требал да ги гушка соиграчите

ФА го предлага Вембли за завршување на сезоната во Премиер лигата

Stefanija Kuzmanovska

Алегри го одби Арсенал

Влатко Зорба

Скариоло: Се е предмет на генерално чувство, но тешко да се размислува на Олимписките игри

Во бразилската лига 151 фудбалери позитивни на корона

Влатко Зорба