СПОРТ Фудбал

Балотели ослободен од обвинението за силување на малолетничка

Канцеларијата на обвинителството во Ломбардија не најде кривично дело во постапките на 29-годишниот напаѓач на Бреша Марио Балотели, во случајот силување на малолетна девојка, објави „Спорт Медијасет“.

Додека настапуваше за Ница, напаѓачот се сретна со малолетна девојка која го увери фудбалерот дека веќе има 18 години (иако била на возраст меѓу 16 и 17 години). Откако стапи во врска со Марио, таа започна да го уценува. Девојката бараше 100 илјади евра во замена за да не го пријави во полиција за сексуално насилство.

Полицијата ги потврди овие факти за уцените. Девојчето ќе биде обвинето за клевета и изнуда.

Поврзани вести

Копија од шампионскиот прстен за секој навивач на Торонто

Maja_Serafimova

Лејкерс убедливи против Шарлот (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Кристал Палас сака да го засили нападот со Жиру

Maja_Serafimova

Навивачите на Манчестер јунајтед сакаат тренерот Солскјер да си замине

user4

Фудбалерите против Грузија, Естонија и Ерменија во Лигата на нации

Гомеш пуштен од болница