СПОРТ

Барса на попуст – девет фудбалери за продажба, цел е да се соберат 250 милиони

Во Барселона не го напуштаат планот да ги донесат Нејмар и Лаутаро Мартинез. Ќе бидат потребни околу 250 милиони евра, но претседателот Пеп Бертомеу верува дека е можно. Имено, доколку ги заврши овие две рабои, неговите шанси за задржување на функцијата, би се зголемиле значително.

Денешниот број на „АС“ пишува дека во Барса веруваат дека можат да направат распродажба, има девет фудбалери, па дури и со ниските цени поради коронавирусот, клубот може да ги добие потребните пари за трансфери.

За почеток, повредениот Дембеле ќе чини нешто помалку од 60 милиони, а платен 140, па иако Кике Сетијан смета дека треба да му се даде повторно шанса веќе четврта година, поинаку мислат во клубот. Но, нема да биде лесно да се продаде по оваа цена, иако размислува Баерн за него.

Кутињо има слична цена, загубата би била уште поголема, клубовите од Англија, пред се Челси и Арсенал би платиле 50 милиони за Бразилецот, кој чинеше 160.

Ракитиќ, кој се изјасни за себе дека не е „вреќа со компири“ и сам ќе одлучи за сопствената судбина во Барса, вреди 20 милиони, а Видал двапати помалку, тој на крајот би можел да биде вклучен во трансферот со Лаутар Мартинез.

Семедо е поскап, 32 милиони, Барса би го жртвувала десниот бек за кој се заинтересирани клубови од Англија, но пред се од ПСЖ,кој бара замена за Муние. Не задоволи ниту Жуниор Фирпо, кој може да замине за околу 20 милиони, левиот бек беше доведен со многу очекувања, но тешко дека може да биде наследник на Алба. Умтити е непотребен, тие бараа 60 милиони за него, сега неговата цена е преполовена, Тодибо ќе го купи Шалке за десетина, а толку е и вредноста на Брајтваит, кој беше доведен како замена за повредениот Суарез.

Сè на сè, 250 милиони не е нереална сума, бидејќи овие се значително помали цени отколку што вредат играчите, па затоа можеби ќе имаат корист од некои. Јасно е дека Барса ќе треба да ги пополни позициите на левиот и десниот бек, како и да донесе стопер, но тоа ќе бидат поевтини играчи, или евентуално фудбалери од друг тим. На пример, Емерсон е на позајмица во Бетис, разновидниот Рафиња во Селта, со неколку помлади играчи, тимот би можел да се пополни.

Но, Барса мора да продава за да ги оствари главните цели за летото …

Поврзани вести

Валверде за времето во Барселона: Беше напнато две и пол години

Никола Поповски

Каталонски медиуми: Меси веќе го избрал новиот клуб

Никола Поповски

Озил се сели во Фенербахче

Алушовски: Ситуацијата не ни дозволува да бидеме оптимисти, Монпелје е фаворит

Продолжува трансфер сагата околу Ериксен: Интер нуди 10, Тотенхем сака 20 милиони евра

Никола Поповски

Меси: Ова раководство на Барса е катастрофа, но останувам во клубот

Никола Поповски