СПОРТ Фудбал

Барселона го проценува Кутињо на 90 милиони евра

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион Барселона го процени играчот од средниот ред Филипе Кутињо на 90 милиони евра, објави „Sport.es“.

Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да се раздели со 27-годишниот Бразилец токму за оваа сума.

Каталонците немаат намера да ја намалат цената, затоа што сакаат да избегнат финансиски загуби.

За Кутињо се заинтересирани неколку клубови во Премиерлигата кои сакаат да го изнајмат фудбалерот. Барселона е подготвена да го пушти играчот, но со задолжителен откуп.

Кутињо ја поминува сезоната 2019/20 на позајмица во Баерн, која има можност да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра, но германскиот клуб не планира да ја активира оваа опција.

Бразилецот настапи на 32 натпревари за екипата од Минхен, постигна девет голови и осум асистенции.

Поврзани вести

Борусија негираше дека преговараат со Мурињо

Влатко Зорба

Бејл е среќен во Реал Мадрид

Претседателот на Сампдорија нема намера да го убедува Гатузо да го преземе тимот

Влатко Зорба

Пандев сака пласман на ЕП и опстанок со Џенова

Вудвард со ветување што ќе ги испрати навивачите на Јунајтед во екстаза

УЕФА: Јуни е главна опција за продолжување на првенствата