СПОРТ Фудбал

Барселона се договори со Палмеираш за трансфер на Матеус Фернандеш

 Барселона потврди дека е постигнат договор со Палмеираш за Матеус Фернандеш. Централниот играч за врска ќе се пресели на „Камп Ноу“ на 1 јули оваа година, според трансферот вреден седум милиони евра плус уште три милиони од евентуални бонуси.
Договорот ќе биде потпишан на пет години, а веќе е позната и сумата во откупната клаузула. Ако некој клуб изрази желба за ангажман на Фернандеш, ќе мора да плати 300 милиони евра. Тој досега постигна 11 гола во дресот на Палмеираш во кој пристигна од Ботафого.
Фудбалерот со славно презиме е централен играч за врска, а негови најголеми квалитети, како што појаснуваат Каталонците, лежат во дефанзива. Го опишуваат и како дефанзивен играч за врска кој е веднаш пред одбраната, па можно е дека на „Камп Ноу“ во него гледаат наследник на Серхио Бускетс.

Поврзани вести

Скандал во САД: Познат НБА играч претепал демонстрант на улица (видео)

Лампард: Жиру може да го напушти Челзи во јануари

Влатко Зорба

Лампард размислува да го казни Баркли поради неговото однесување

Влатко Зорба

Трипл-дабл за Јокиќ во триумфот над Јута (ВИДЕО)

Крис Бош разочаран од одлуката да не биде дел од Куќата на славните

Никола Поповски

Шести трипл-дабл сеонава на Вестбрук за триумф на Хјустон над Феникс (ВИДЕО)